Оттаму посочуваат дека се извршени контроли и на три маркети и еден угостителски објект во село Црешево каде е наредено да се изврши итна дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Во село Инџиково, пак, направени се контроли на пет маркети и таму не се евидентирани никакви проблеми.
Од страна на инспекторите за храна извршена е и контрола на три маркети во Сингелиќ кои се наоѓаат на патот кон селото Арачиново, како и на еден погон за производство на сокови кој бил поплавен и каде чистењето се уште е во тек. Во маркетите во Сингелиќ наредено е да се изврши итна десинфекција, дезинсекција и дератизација.
– Во рамки на вонредните контроли кои ги спроведоа инспекциските служби на Агенцијата за операторите со храна од поплавените подрачја се контролираше и тоа дали продаваат и хуманитарна помош. Со контролите не се евидентирани ваков тип на недоследности, велат од АХВ.
Потенцираат дека нивните екипи се постојано на терен во поплавените региони и додаваат дека покрај извлекувањето на домашните животни, донирањето сточна храна, извршени се и превентивни контроли, едукативни посети на операторите со храна кои претрпеа штети од невремето и чии објекти беа поплавени на кои име е укажано како да се изврши чистење и дезинфекција на објектите пред да се почне повторно со работа.