Денеска во село Стајковци се реализира акцијата за превентивни прегледи.
Акцијата ќе се одвива од 8:30 до 13:30 часот, а ќе се мери телесна тежина и висина, шеќер и холестерол во крв и крвен притисок.
Тимовите се составени од лекар, медицинска сестра и лаборант.
Целта на акцијата е превенција и рана детекција на кардиоваскуларните и метаболните заболувања.