Превирања во Алијанса за Албанците, се собираат потписи за смена на лидерот Таравари

Извесен Изо Ганиу, член на Алијанса за Албанците, тврди дека внатре во партијата е започната процедура за смена на лидерот Арбен Таравари. Тој на својот фејсбук статус објави лист со потписи на делегати кои досега ја поддржале иницијативата за смена на Таравари.

Ова е очекувана постапка ако се знае однесувањето на Таравари во последниот период. Рејтингот на партијата постојано паѓа, а и самиот лидер не знае каде припаѓа. Беше опозиција, сега е власт,а во следниот период не знае ни тој самиот што ќе биде. Ја одби понудата да биде претседателски кандидат на албанската опозиција, а формално сѐ уште е во власта.

Ексклузивно: Пратениците почнаа да собираат потписи на републичко ниво за разрешување на спикерот. Се очекува од 130, 98 парламентарци да бидат против!

Ајде дај Боже!, напиша Ганиу.