![мигранти-520x348](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/10/migranti-520x348.jpg?resize=520%2C348&ssl=1)
Двајца мигранти се повредени кога комбито во кое се превезувало се превртело, информираше МВР.
Според полицијата, утрово околу 6.30 часот на автопатот Градско- Велес, комби „рено еспејс“ со струмички регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во заштитната ограда и се превртело. По незгодата возачот избегал, а во возилото биле пронајдени 13 мигранти, од кои двајца биле повредени.
Тие биле пренесени во Општата болница Велес, а потоа префрлени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес.