Презакажана седницата за Законот за ЈО

Наместо во 10 часот, седницата за Законот за јавното обвинителство ќе почне во 13 часот.

– Претседателот на  Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Артан Груби, ја презакажа седницата на Комисијата за европски прашања наместо во 10,00 часот во 13,00 часот. На дневен ред се Законот за јавното обвинителство и Законот за изменување и дополнување на Советот на јавни обвинители на Република Македонија – информираа денеска од Собранието.