Денеска во Скопје ќе бидат презентирани резултатите од истражувањето во рамки на Проектот на УСАИД за практиканска работа и вработување на лица со попреченост.
Целта на истражувањето е да обезбеди информации за потенцијалите и можностите за зголемување на вработувањето на лицата со попреченост во приватниот сектор.
Проектот на УСАИД за практикантска работа и вработување на лица со попреченост ја поддржува имплементацијата на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост во Македонија.
Проектот им помага на лицата со попреченост да се вклучат во општеството преку подобрување на нивните вештини за вработување со обуки за пишување на резиме и подготовка за интервју за работа, им нуди можности за практикантско ангажирање, како и работилници за како да започнат со сопствен бизнис.
Проектот е наменет за лицата со попреченост од полошкиот, скопскиот и северо-источниот регион од Македонија и е имплементиран од “Моја кариера” во Скопје, во партнерство со „Хендимак” во Тетово и „Порака наша” во Куманово.
Досега, преку Проектот се обучени 232 лица со попреченост на тема „Стратегии за барање работа”, 14 лица ја посетија дводневната обука за претприемништво, 130 претставници од различни компании и институции се обучени за менторско водење на лица со попреченост, а вработени се 61 лице со попреченост.