Во просториите на регионалниот центар за гранични работи – Југ, на 13-ти овој месец, се одржа средба на Советодавна група на граѓани на посветена на темата „Стоп за визната либерализација“.
На средбата на оваа советодавна група којашто е формирана во организација на Отсекот за превенција при СВР Велес и Регионалниот центар за гранични работи – Југ, присуствуваа покрај преставниците од МВР, претставници од Центарот за социјални работи од Кавадарци, преставници од ИВЗ, претставници од локалното население, туристички агенции и медиумите.
Најпрво на сите присутни преку power point презентација им беа објаснети конкретните придобивки од визната либерализација од 2009 година, но и кои се обврските и какви се последиците од злоупотребата на визната либерализација особено со неосновантие барања за азил во некоја од ЕУ државите.
Потоа за збор се јавија и некои од присутните, посебно граѓани од локалното ромско население кои потенцираа дека причината за барањето азил во западно европските држави е од економска природа, односно беспарицата која ги тера да заминуваат во странство и да си бараат егзистенција.