Презентирани проектите во културата за 2017

култура

Тој соопшти дека во институциите ќе се реализираат повеќе значајни премиерни изведби, а поддржани се премиерни изведби на опери, балети, оперски и балетски дела за деца. Предвидени се гостувања на Операта и Балетот во Центрите за култура низ државата, симфониски концерти на Македонската филхармонија во Скопје и во другите градови низ Македонија…

Шехаби рече дека традиционално ќе се реализираат повеќе манифестации како „Види музика – слушни слика -добиј книга“, „Звуците на чаршијата“, „Културно лето“, „Културна зима“, „Топол културен бран“…

Државниот секретар информира дека во издавачката дејност во 2017 поддржани се 426 проекти (336 публикации, 39 списанија, 23 проекти од електронското издаваштво и 28 проекти на литературни здруженија и книжевни манифестации). Нагласи дека годинава кај проектите на албански јазик има зголемување, по квантитет и квалитет. Поддржани се повеќе од 115 книги, четири електронски изданија и четири часописи.

Од покрупните проекти кои годинава ќе бидат завршени и промовирани се новата концертна сала на Македонската филхармонија, театарот во Струмица, реконструкцијата и санацијата на Албанскиот театар во Скопје, изградба на Турскиот театар, културно-образовниот центар во Тетово…

Хамди Рашиди, член на Комисија за драмска дејност посочи дека е задоволен од албанските проекти, по број и квалитет.

Имаме новости годинава. Во Дебар првпат имаме куклен фестивал и нов театарски фестивал во Гостивар. Вкупно албански фестивали ќе имаме шест, во Скопје, Тетово, Гостивар, Струга и Дебар, рече Рашиди.