Само десетина од 19 актери на документарниот филм „Се гледаме на нерколог“ (снимен во периодот на санкциите во Србија од 1993-та до 1995-та година) се живи. Иако во јавноста често пати се споменувал дека единствен преживеан е Александар Кристијан Голубовиќ, денес се живи оние кои целосно се повлекле од криминалните кругови, пишува српски „Курир“, пренесува Нетпрес.
Јавноста ги памети како „жестоки момци“ кои во тоа време се согласија отворено да зборуваат за настаните кои што не и’ беа достапни на јавноста. Само за време на снимање на филмот тројца од учесниците во документарецот се убиени во предметки на белградското подземје.
Се’ започна во текот на лудите 90-ти години. Првиот кој стана мета на пресметки бил Александар Кнежевиќ Кнеле, е убиен на 28-ми октомври 1992-ра година во апартман на хотелот „Хајат“. Но, потоа многу работи се променија. Се пукаше од пиштол, пушки, бомби.
За најуспешен може да се смета Жељко Рутовиќ, кој, како на филмот, и денес е неосудуван и се занимава со бизнис. Поранешните кланови веќе не се на едно место. Судбините на преживеаните се различни. Некои од нив се зад решетки, некои се повлекоа целосно, а ретки се оние кои и понатаму се активни во подземјето.
Филмот го екранизирале авторите Александар Кнежевиќ и Воислав Туфегџиќ, како и режисерот Јанко Баљак, на основа на книгата „Криминалот кој ја промени Србија“.
Еве ги актерите на тој филм кои го преживеаја дождот од куршуми во 90-тите години.
Александар Кристијан Голубовиќ
Повеќе од една деценија помина во затвор во Германија, Италија, Грција и други земји ширум Европа. Тој како малолетник одлежал три ипол години во Дизелдорф поради оружен грабеж. На Србија по меѓународна потерница и’ е екстрадиран во 1993-та година од затвор во Дизелдорф и во 2003-та година од грчки затвор каде што отслужувал казна како шеф на југословенската мафија во Атина. Кога бил осуден за изнуда отслужил четири ипол години затвор. Во овој момент неправосилно е осуден на 14 години затвор поради препродажба на дрога.
Жељко Рутовиќ
Член на клан кој во филмот ги признал своите работи со украинската мафија, но зборувал за паметен начин на „работење“, преживеал како на филм и до денес останал не осудуван. Иако во „Белата книга“ на српското Министерство за внатрешни работи од 2003-та година е означен како припадник на Ѕвездарскиот клан на Средое Шљукиќ, ниту денес нема ниту една точка во кариерата и важи за контроверзен бизнисмен. Бил сопственик на казино во елитниот руски туристички град Сочи.
Драган Николиќ Гаги
Член на „кланот бегство“ и еден од лидерите на групата со Петар Милошевиќ, кој беше убиен во 1999-та година, Горан Мијатовиќ Мите, кој беше убиен во 2006-та година и Радослав Трлаица Бате Трале, убиен во 2000-тата година. На 18 години Гаги заедно со Славиша Павиќ Пирке, отишол во странство и го „печел занаетот“ во Австрија, Италија и Германија. Не криел ниту дена се дружел и со Кристијан Голубовиќ, што сепак не потрајало. Во овој момент се наоѓа во Централниот затвор на Белград, каде што издржува казна како соучесник во убиството на Жељко Ражњатовиќ Аркан. На оваа пресуда се жалел пред судот за човекови права во Стразбур.
Ненад Бранковиќ Нена
Таканаречениот повратник од военото поле во филмот и припадник на ѕвездарскиот клан на време се повлекол од светот на криминалот и се посветил на легални работи.
Љубомир Манојловиќ Буце
Член на кланот на Ѕвездарите кои и во време на филмот бил вклучен само во ситни зделки, но им бил пријател од детството на жестоките момци од оваа белградска населба. Набрзо по филмот се простил од „матните бизниси“.
Соња Лазетиќ
Во филмот имала само 15 години. „Сакам да бидам позната, сите да ме знаат“, изјавила таа. Потоа се омажила за Горан Мариќ, контроверзен бизнисмен, кој бил убиен и запален во џип во 2009-та година. Повторно се омажила за фудбалерот Никола Лазетиќ пред три години.
Владан Контиќ Конта
По филмот не се појавувал во јавноста до 2006-та година. Тогаш во пресметка со Лука Бојовиќ во вилата „Јелена“ бил ранет во нога. Пред неколку години беше претепан од обезбедувањето на едне сплав и подоцна му била исплатена огромна штета.
Срѓан Качавенда
Тој се повлекол од јавноста и од „големите приказни“. Сепак, за него се зборуваше дека бил контроверзен бизнисмен.
Предраг Владушиќ
Успеал да спаси жива глава од неколку вооружени престрелки. Во деведесетите години од минатиот век се повлекол од криминалот, а од филмот е познат по тоа што многу често го користел зборот „разумеш“ (разбираш).