![puter](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/03/puter.jpg?resize=696%2C523&ssl=1)
Пријател на Љупчо Николовски Путерот шверца 5 шлепери тутун, а Љупчо Путерот брка путер по магацини. Откако успеа да заплени 60 тина паковања путер, или народски кажано две кеси, гледаме дека во државата се е во нормала. Па и оние 111 места на листата на Транспаренси сега не се толку лоши, наскоро ќе биде уште полошо, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
– Прошверцувани се 5 шлепери тутун, а никој не е во затвор. Заев се однесува како ништо да не се случило. Да не беше во прашање пријател на Љупчо Путерот, и за 10 штеки цигари сега ќе беше зад решетки. Со СДСМ буквално се повторуваат деведесетите. Шверцот цвета, криминалот е на секаде, а никој не одговара. ЈО безобразно молчи за Студенац Шпед. Зошто не е поткрената истрага и зошто сите замешани во шверцот се на слобода, прашуваат од партијата.
– Дали ЈО упатува порака до сите дека може да шверцаат тутун и да поминат неказнети, или сепак треба да се пријатели со вицепремиер?! Јавноста нема да заборави, на шверцерот, пријателот на Љупчо Путерот и тој самиот наскоро ќе треба да објаснат како и зошто се шверцни 5 шлепери тутун. Доаѓа време за одговорност, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.