Пријавена смрт на новороденче во Скопје

Едномесчно бебе починало во дом во Скопје, соопшти во саботата Минитерството за внатрешни работи, а причините за трагедијата ќе бидат познати по извршената обдукција по наредба на јавен обвинтител

На 20.03.2020 во 06:47 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во дом на ул.“Славеј планина“ имало починато новороденче.

Од полициски службеници било излезено на местото на настанот и утврдено било дека се работи за бебе на возраст од еден месец.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје