Три одделни случаи на физичко насилство во кои жртви се жени се пријавени во Скопјеи Велес, информираше Министерството за внатрешни работи.
Во петокот утрото околу 9 часот 74-годишната Т.Л. од Скопје пријавила дека на подрачјето на општина Карпош едно лице физички ја нападнало и ѝ ја одзело чантата.
Единицата за насилен криминал – Одделение за семејно насилство при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 44-годишниот Б.В од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела по чл.130 ст.2, по чл.139 ст.2 и по чл.377 од Кривичниот законик, извршени на четвртокот врз неговата поранешна девојка.
Рано утрото во саботата околу 4,30 часот 36-годишна велешанка пријавила дека во Велес, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг Т.К..