При бродолом во Средоземно Море загинаа најмалку седум мигранти, а 13 се водат како исчезнати

Италијанската крајбрежна стража денеска извади седум безживотни тела од Средоземно Море во близина на островот Лампедуза, јужно од Сицилија.

Крајбежаната стража потпомогната од граничната полиција ја продолжува потрагата по уште 13 мигранти кои се водат како исчезнати по вчерашното превртување на бродот со кој се превезувала 169 лица.

Италијанската крајбрежна стража соопшти дека се спасени 149 луѓе.