При пожар во Австралија повредени се двајца пожарникари

пожар

Повеќе од 2.500 пожарникари се борат со стотина пожари во Нов Јужен Влес, додека температурата достигнуваше до 47 степени Целзиусови во одредени делови на земјата.

Огнот бил поттикат од сувите и врели северозападни ветрови од правец на австралиската пустина што дуваа со брзина од дури 75 километри на час.

Шумските пожари се честа појава во Австралија во текот на летната сезона.