При претрес во Куманово пронајдени дрога и пиштол

На 13.03.2024 во 15:20 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за  недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода Д.Р.(31) од Куманово.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и пиштол.

Д.Р. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.