Полициски службеници од ОВР Берово во четвртокто претпалднето околу 8,30 часот во Пехчево, го лишиле од слобода С.А. од Пехчево.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе исушени листови од растението канабис, дробилка, повеќе семки од растението канабис и повеќе стари монети со различна форма и големина, информираат од МВР.
С.А., на 38 години, бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.