При претрес во Велес пронајдена дрога, приведени двајца дилери

На 12.08.2024 во 14.00 часот во Велес, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес ги лишиле од слобода Х.М.(47) и З.Б.(43), двајцата од Велес.

При претрес во домот во кој живеел Х.М., извршен со судска наредба, а во кој бил затекнат и З.Б., биле пронајдени и одземени 31 пакување со кафеава прашкаста материја. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.