При претреси во Скопје откриени фалсификувани долари, експлозив и дрога

На 10.11.2021 во координирана полициска акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога,оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршија претрес во стан на ул. „Венјамин Манчуковски“ во скопската општина Аеродром, во кој биле затекнати М.М. (20) и 16 годишен малолетник од с. Зелениково.

При претресот во станот е пронајденa таблетa екстази и вага со остатоци од кокаин, а во подрумските простории е пронајдено едно пакување експлозив – тротил со жици електрични запалки – детонатори М5 за експлозив, кои од страна на Секторот за антитероризам при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал се подигнати со цел понатамошно вештачење.

При претрес на гаража на ул. „Бојмија” во хартиена кеса е пронајдена поголема количина парични средства во апоени од 100 долари, или вкупно 396.200 долари, за кои од првичниот увид може да се утврди дека се работи за фалсификувани банкноти и едно полиетеленско пакување во кое има 149 екстази. Лицата се лишени од слобода и против нив СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава по чл. 396, чл.215 и чл. 268. Исто така, при преземањето на координираните мерки и активности биле лишени од слобода и Н.Т. (20), кај кој при личен преглед се пронајдени марихуана, синтетичка дрога амфетамин и трипови, и М.Г.(21), кај кого е пронајдена марихуана. МВР продолжува со вршење на проверки со цел идентификување и на други инволвирани лица.