Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека во денешниот руски напад погодена е детска болница во Киев и оти луѓето се заробени под урнатините.
– Има луѓе под урнатините, а точниот број на жртви сè уште не е познат. Во моментов сите помагаат да се расчистат урнатините – лекарите и обичните луѓе, напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Претходно Зеленски изјави дека руските сили денеска лансирале десетици проектили насочени кон неколку украински градови, а главниот град се соочува со редок воздушен напад во текот на денот.
– Руските терористи уште еднаш масовно ја нападнаа Украина со проектили. Различни градови: Киев, Дњепар, Криви Риг, Славјанск, Краматорск. Повеќе од 40 проектили од различен тип. Оштетени се станбени згради, инфраструктура и детска болница, наведе Зеленски.
Шефот на воена администрација на Киев, Сергиј Попко на Телеграм објави дека во денешниот напад загинале најмалку пет луѓе.