Прибак: Имавме игра, но немавме среќа

Евидентоно беше разочарувањето кај македонските ракометари по завршувањето на синоќешниот натпревар со Полска, откако нашата репрезентација изгуби со гол разлика од домаќинот на Европскотo Првенство.

Немања Прибак во својата куса изјава по натпреварот не го криеше. Како што рече, нашите ракометари имаа игра, но не и среќа.

Заслуживме бод, но според мене и два. Моравме да ја искористиме оваа шанса и да успееме да стигнеме до триумф. Имавме пад во второто полувреме околу 45 минута и не можевме брзо да се вратиме во игра. Ова беше голема шанса, но не успеавме. Денеска дефинитивно имавме игра, но немавме среќа. Сепак, имаме на што да се надеваме. Србија е нешто поодморена, а ние сме паднати психолошки но имаме ден за одмор, па сè е можно во вторник, изјави Прибак.