Прибак: Нашата шанса се Унгарија и Исланд

Немања Прибак може да дебитира за Македонија на ЕП бидејќи од 17 јануари има право на настап. Тој е со репрезентацијата, но ги пропушти првите три кола од групната фаза. Српскиот репрезентативец во декември доби македонски пасош и беше заедно со репрезентацијата на подготовките. Во отсуство на тројца бекови, неговото играње ќе биде од големо значење за репрезентацијата

„Мислам дека со Унгарија, и Исланд имаме реални шанси за позитивен резултат. Тоа се противници со кои можеме да играме. Шпанија е реално најквалитетна репрезентација од претстојните противници, и заедно со Хрватска, Данска и Франција се главни фаворити за титулата на овој шампионат. Ние имаме два бода, Исланд и Унгарија по еден, додека Австрија е без освоен бод, што значи дека сме во предност во однос на нашите ривали за третото место во групата. Ако се пласираме на тоа трето место, би играле за петтата позиција на ова ЕП, што би претставувало неверојатен успех, односно повторување на постигнувањето од пред две години во Србија. Да одиграме со 100 отсо од нашите можности, и да направиме некое големо изненадување, можно е да стигнеме и подалеку, но мора да верувме едни во други, и се разбира да не следи среќа“, вели  Прибак за официјалната интернет страница на македонскиор шампион Вардар.