Причината за загадениот воздух има име и презиме – СДС и ДУИ, вели Анета Марковска Илиевска

Седум години од власта, СДС и ДУИ не мрднаасо прст во однос на загадувањето на воздухот во Скопје. Скопје се гуши подолг период, а последните скоро една деценија градот е на врвот на листите на градови со најзагаден воздух, рамо до рамо до Мумбаи, Киншаса или други градови од по десетици милиони жители од делови на Африка и Азија, изјави Анета Марковска Илиевска.

СДС во 2017 година дојде на власт со ветување дека ќе го исчисти воздухот во Скопје. Тогашниот лидер на СДС на партиски митинг во Аеродром на цел глас велеше ајродром, ајро, ајро. 7 години подоцна Скопје никогаш не било со позагаден воздух.

7 години се доволен период за ако почнат да се преземаат мерки за намалување на загадувањето, тие и да вродат со плод.

Проблемот е што 7 години ништо не е преземено. А тие што 7 години имаа можност да преземат нешто и да го намалат загадувањето, сега се најгласни во хипокризијата.

Причината за загадениот воздух има име и презиме, и тоа е СДС и ДУИ, рече таа.