После 23 години, „Ганс ен роузес“ целосно ќе се комплетира на сцената. Во април на музичкиот фестивал „Coachella” бендот ќе свири во оригинален состав, со пејачот Ексел Роуз и гитаристот Слеш, кои заедно за последен пат настапија во јули 1993 та година во Буенос Аирес.
Откако со години не биле во контакт, Аксел Роуз (53) и Слаш (50) наскоро одат на повратничка турнеа со култниот бенд Guns N’ Roses.
– Се се распадна кога Слеш на врвот на кариерата се предозира со хероин. Тој беше клинички мртов осум минути и иако се извлече, Ексел умисли дека тој повеќе не е оној стариот Слеш. Тој веруваше дека во него влегол нечиј друг дух – тврди Том Затут, сопственик на дискографската куќа за која американските рокери го потпишаа првиот договор.