Прифатен предлог законот за изменување на законот за додадена вредност

На вчерашбата владина седница министрите го прифатија предлог-законот за изменување на законот за додадена вредност.
Измените предвидуваат пролонгирање на рокот на примена на повластената стапка од 5 отсто, на првиот промет на станбените згради и на становите кои се користат за станбени цели, а кој ќе се изврши во рок до 5 години по изградбата.

Со предлог-законот рокот се продолжува за уште 5 години односно од почетокот на следната година до крајот на 2023-рата.