Пригожин ќе биде мртов за 6 месеци, вели руски новинар за лидерот на „Вагнер“

Рускиот претседател Владимир Путин ќе се држи до историјата и ќе се „справи“ со Пригожин, кого го прогласи за предавник по краткиот обид за државен удар на Вагнер во јуни, изјави Христо Грозев, водечки руски истражувачки новинар.

– Сите знаат што прават со „предавниците“ оние Русите кои се поврзани со режимот на Путин, а Путин тоа не го стори. Тој сака да го види мртов. Се уште не може да го направи тоа – изјави Грозев за „Фајненшл тајмс“.

Грозев претходно во јануари годинава изјави дека Пригожин ќе го предаде Владимир Путин во рок од шест месеци. Неговото предвидување се претвори во реалност на крајот на јуни, кога Евгениј Пригожин, кој е на чело на платеничката војска на „Вагнер“, го предводеше маршот кон Москва.

– За шест месеци Пригожин или ќе биде мртов или ќе се случи нов државен удар… Можете да ме држете за збор – рече познатиот руски новинар.