Шефот на руската приватна воена компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, порача меѓу другото во своето прво обраќање откако за помалку од 24 часа пропадна вооружениот бунт против руските власти, дека тоа покажало дека неговата паравојска е најефективната борбена формација во Русија, истакнувајќи дека по примерот на „Вагнер“ требало да се борат и регуларните единици на војската при почнувањето на инвазијата во Украина, пренесува британската агенција Reuters.
Пригожин во објавата за која нема потврда од Reuters дали ја проверила автентичноста и од која локација е дадена, го поторува своето тврдење дека „Вагнер“ е „најефикасната борбена формација во Русија, па дури и во светот“, како и дека ги „посрамил единиците“ кои Русија ги испратила во Украна на 24-ти февраури 2022 година.
Влегувањето во јужниот град Ростов на Дон без крвопролевање, што во западниот наратив се опишува како „заземање“, и тврдењето дека конвојот со тешко вооружување вклучително и тенкови и оклопни борбени возила со до 5.000 борци следени од борбени ловци на „Вагнер“ „напредувал“ до 200 километри пред Москва, е „сведоштво за ефикасноста на Вагнер“, го цитира агенцијата Пригожин.
„Покажавме мајсторска класа, како што требаше и на 24-ти февраури 2022-та. Не ни беше целта да ја собориме актуелната и легално избраната власт. Маршот покажа дека постои сериозна загриженост за безбедноста на земјата“, оценува Пригожин во 11-минутната аудио-порака објавена на Telegram.
Пригожин го повторува тврдењето дека причината за „маршот на правдата“ против воениот врв бил наводниот напад на руските единици врз теренски камп на „Вагнер“ со проектили и хеликоптери, при што наводно загинале 30 борци на паравоената формација. Тоа, инаку, категорично го отфрли тоа тврдење, а Reuters наведува дека за тоа не се дадени никакви докази.
Пригожин се осврна, како што и самиот тој рече во својата објава дека Министерството за одбрана сакала да ја расформира групацијата, на одранбената според која сите доброволци, вклучително и борците на „Вагнер“, до 1-ви јули мора да потпишат договор со министерството и да се стават под негова команда, истакнува британскиот јавен сервис BBC.
„Целта на маршот беше да не се дозволи уништување на ‘Вагнер’“, вели Пригожин додавајќи дека помалку од 2 отсто од припаднците на паравојската потпишале договор со Министерството за одбрана.
Истакнува дека „Вагнер“ и неговите команданти биле „категорички против одлуката“ за стопување на „Вагнер“ во руската војска од 1-ви јули.
Исто така, Пригожин појаснува и дека причината за маршот била и желба одговорните да одговараат за грешките направени во текот на „специјалната воена операција“ во Украина. Што е во контекст на неговите повеќемесечни јавни конфронтации и навреди со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот Валериј Герасимов кои ги обвини за некомпетентност, па дури и за корупција.
Во своето прво обрќање откако во саботата ноќта објава дека го запира маршот и на единиците на „Вагнер“ им наредил да се вратат во нивните теренски бази, Пригожин не зборува за договорот постигнат со посредство на белорускиот претседател Александр Лукашенко. Вели само дека Лукашенко „понуди модалитети за легалното работење на ‘Вагнер’“, но за тоа не наведува повеќе детали.
Како што изјави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, договорот вклучува отфрлање на кривичната постапка отворена против Евгениј Пригожин по неговите изјави на социјалните мрежи претходната ноќ товарејќи го за бунт и поттикнување вооружен граѓански судир во Русија, како и дека ќе следи амнестија за борците на „Вагнер“.
Пригожин не наведува од каде се обраќа, а последен пат беше виден и снимен ноќта во саботата кога со теренец го напушти Ростов на Дон.