Пригожин сака заземање на Бахмут поради неговите „подземни градови“

Основачот на руската воена организација „Вагнер“ формирана последната деценија по угледот на низата американски кои на украинското боиште се присутни уште од превратот во Киев во 2014 година, изјави во саботата дека сака руските единици да го заземат градот Бахмут (Артемовск) на рабните области на отцепената доминатно руска област Доњецк на украинскиот исток, бидејќи во него се наоѓаат „подземни градови“ во коишто може да се сместат војска и тенкови.

Руските настојувања да се заземе Бахмут од кој се гаѓа блискиот град Доњецк, го заинтригираа некои западни аналитичари кои тврдат дека руските загуби и фактот дека украинската војска изминатите осум години изградила армирани повеќекратни одбранбени линии во близината би значеле Пирова победа за Русија.

Бахмут, во кој украинските сили се добро вкопани уште од граѓанската војна во 2014 година, е сместен на стратешки потег меѓу Доњецк и Луганск. Од предвоената број на население од околу 75.000 сега во градот останале околу 10.000 луѓе. Овој град на почетокот од граѓанската војна по превратот во Киев во 2014 година го контролираа сепаратистите кои отстапија во февруари следната година. Бахмут (Артјемовск на руски) се наоѓа на главниот патен правец кон градовите Славјанск и Краматорск, и двата во индустрискиот регион Донбас, но отвора пат и за напредување кон централна Украина.

Евгениј Пригожин, основач на приватната воена компанија „Вагнер“ чии борци главно ги водат борбените дејствија во Бахмут и се навлезени во некои населби, во саботата детално појасни зошто би било важно заземањето на градот.

„Шлагот на тортата е системот на рудниците во Соледар и Бахмут, што е всушност мрежа од подземни градови. Не само штоп може да се држи голема група луѓе на длабочина од 80 до 100 метри, туку по неа може да се движат тенкови и борбени пешадиски возила“, вели.

Пригожин, кому политичкото влијание во Москва бездруго силно би му се зголемило доколку биде заземен Бахмут, поради големата улога на „Вагнер“ во тамошните борби., вели дека во подземните комплекси кои датираат уште од времето на Првата светска војна од руските царистички војски биле чувани големи резерви оружја.

Се смета дека неговите изјави се однесуваат на големите рудници на сол и други руди во кои се наоѓаат повеќе од 160 километри тунели и огромна подземна просторија во која се играле фудбалски натпревари и се одржувале концерти на класична музика во безвоените времиња.

Во четвртокот од американската Бела куќа изјавија дека веруваат оти Пригожин сака да ја преземе контролата над рудниците на сол и гипс во областа од комерцијални причини. Американскиот извор на Reuters тогаш воопшто не ја спомна нивната подземна воена полза.

Пригожин, кој е под санкции на Западот и поради тоа што борци на „Вагнер“ се ангажирани и во неколку земји во Африка и на Блискиот исток, наведе и други предности коишто би ги имало заземањето на Бајхмут, нарекувајќи го „сериозен логистички центар“ со „единствени одбранбени утврдувања“.

Пригожин своите коментари ги изнесе на апликацијата за размени на пораки Telegram, додека по речиси празните улици на Бахмут во саботата одекнуваа гранатирања. Москва претходно објави 36 часовен прекин на огнот поради Божик, но Киев го одби тоа а руските војски одговараат на секое украинско гранатирање, истакнувајќи дека украинските и западните платенички сили во овој град во кој сега одвај има ја користат истата тактика и огнените позиции го лоцираат во станбени блокови и друга цивилна инфраструктура.

Коментарите на Пригожин дојдоа кога профили на Telegram, кои се сметаат за блиски на „Вагнер“ објавуваат фотографии за кои се тврди дека се од заземена стратешка населба на работ од Бахмут. Руското министерство за одбрана соопшти во дневниот брифинг за тешки борби во Доњецк, а украинското дека сѐ уште го држи под контрола Соледар во близина на Бахмут и покрај жестоките руски напади.