Приходите на „McDonald’s“ стагнираа во вториот квартал

Американскиот синџир за брза храна „McDonald’s“ објави стагнација на приходите и помал профит во вториот квартал годинва, под влијание на неповолните девизни курсеви и послабата посетеност на неговите ресторани и во матичните САД и во светот.

Во периодот од април до јуни, консолидираниот приход на американскиот гигант изнесува 6,49 милијарди долари и е речиси непроменет во однос на истиот период лани. Кога се исклучуваат промените на валутните курсеви, тој се зголемува за еден процент.

Приходите на странскиот пазар се намалени за 1,1 отсто поради послабата посетеност во рестораните на „McDonald’s“, особено во Франција. Пролетта минатата година скокна за речиси 12 проценти.

Приходите на домашниот, американски пазар, оваа пролет се намалени за благи 0,7 отсто, бидејќи „стратегиското“ зголемување на цените на менито го ублажил падот на бројот на гостите, се наведува во соопштението.

„На повеќето наши големи пазари, оптимизмот на потрошувачите останува на ниско ниво“, објаснува извршниот директор на „McDonald’s“, Крис Кемпчински.

Резултатите од „McDonald’s“ следат по минатонеделната изјава на извршниот директор на „Coca-Cola“, Џејмс Квинси за послабите трошоци во кафулињата и рестораните во Северна Америка.

Рестораните со франшиза „McDonald’s“ забележаа послаб промет во вториот квартал, за 1,3 отсто во споредба со истиот период минатата година кога скокна за 14 отсто, со послаби резултати во Кина и потрошувачки бојкот на Блискиот исток, поврзан со војната во окупираниот палестински појас Газа.

Американскиот гигант го затвори периодот од април до јуни со нето добивка од две милијарди долари, 11 отсто помалку од минатата пролет.