Приходите од Суецкиот канал се намалени за 40 отсто

Од почетокот на годината, египетските приходи од патарините преку Суецкиот канал се намалени за 40 отсто во споредба со истиот период во 2023 година, изјави шефот на управата на Суецкиот канал, Осама Раби.

Бродскиот сообраќај е за 30 отсто помал во периодот од 1 до 11 јануари, во споредба со истиот период претходната година, од 777 на 544.

Суецкиот канал е клучен извор на странска валута што му е потребна на Египет. Властите во Каиро во последните години се обидоа да го зголемат овој приход, поради што каналот беше проширен во 2015 година.

Јеменските Хути со недели напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море за да ја поддржат палестинската милитантна група Хамас во нејзината борба против Израел. Многу комерцијални превозници ги пренасочија бродовите на други рути.