ВИДЕО: Пријателскиот пречек на Груевски во Израел – потврда за одличните односи меѓу двете држави

Пријателскиот пречек на премиерот Никола Груевски во Израел од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги потврди одличните односи меѓу двете држави кои се карактеризираат со взаемно пријателство и меѓусебно разбирање, наспроти скандалите кои ги предизвика опозицискиот лидер Зоран Заев при посетата на еврејската држава, пишува денес порталот „Курир“.

Заедничката констатација на Груевски и на Нетанјаху по средбата беше дека Македонија и Израел се дефинитивно пријателски земји кои имаат цврста соработка. И покрај обидите на некои структури со исценирани случаи да ги нарушат односите, двете земји покажаа дека се пријателски настроени една кон друга и дека продолжуваат да соработуваат цврсто на сите полиња.

gruevski-netanjahu-2

Македонскиот премиер беше пречекан пријателски. Израелскиот премиер Нетанјаху му македонскиот колега се обраќаше со Никола на прес-конференцијата, што ја изразува блискоста и довербата која еден со друг ја имаат и која се рефлектира на односите на земјите. Од посетата на македонската делегација се забележа дека Израел високо ги цени активностите на Груевски за еврејската држава. Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, основањето на Фондот на Холокаустот на Евреите во Република Македонија и реституцијата на имотите на депортираните Евреи без правни наследници се токму проекти кои се одвиваа под палката на Груевски, проекти кои укажуваат на пријателството меѓу двете држави, пишува „Курир“.

Нетанјаху…