
Кумановец заработи кривична пријава поради сомнение за сторени девет кривични дела „тешка кражба“, едно дело „тешка кражба во обид“ и едно дело „кражба“.
Пријавениот во периодот од 28.10.2014 година до 21.01.2015 година со употреба на погоден предмет извршил девет тешки кражби, една тешка кражба во обид и една кражба во патнички и товарни возила при што одзел 11 акумулатори и други предмети се заедно во вредност од 77.150 денари.