Прилеп: Го пронашла братот мртов со модринки по телото

Вчера во 22.50 часот во Полициската станица во Прилеп, од страна на екипа на Итна медицинска помош било пријавено дека на ул „Битолска“ има починато лице.

Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Прилеп извршиле увид на местото на настанот. Притоа, било констатирано дека околу 22.30 часот М.С. (46) од населба Точила-Прилеп, откако завршила со работа, пристигнала во посета на нејзиниот брат Т.С. (50) во неговата куќа на наведената улица, при што го пронашла во безживотна состојба.

Смртта била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош, кој констатирал дека смртта настанала пред неколку дена, а на телото на починатиот има хематом (модринка) на левото око и на десната надколеница.

По наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се изврши обдукција. ПС Прилеп презема мерки за расчистување на настанот.