На површина од 4.500 метри квадратни со изградени тобогани, лизгалки, базен за деца, базен за возрасни, шанкови во вода, лежалки, стејџ, административна зграда со ресторан, кафе-барови, санитарни јазли, туш кабини, соблекувални и прва помош.
Објектот ќе поседува и стандардизирани машински сали и современ систем за филтрација на водата. Аква паркот ќе овозможи нови работни места, за лица кои ќе бидат ангажирани во угостителските објекти, кафе-баровите и ресторанот.
Ќе има редарска служба и просторија за давање итна медицинска помош. Прилепчани со нетрпение ја очекуваат новата атракција, место за забава и разладување во летните горештини.