Прилеп во тридневна карневалска еуфорија – „Прочка 2024“

Веќе два дена, градот под Марковите Кули, пулсира во знакот на 22-то издание на Меѓународниот карневал „Прочка 2024“. Прилеп, претесен за да ги прими сите добрнамерни и љубопитни посетители од повеќе градови во земјава, а прилепчани пак, за кои Карневалот, но и празникот „Велики Поклади“ имаат посебно трададиционално верско, ама и културолошко значење, гордо ги прикажуваат адетите и обичаите поврзани со овие денови. Таков адет е и „Амкањето јајце“.

„Амкањето“, всушност е радост за децата. Најстариот член од семејството, на сукало врзува јајце и го врви на устињата на дечињата, па она што ќе го касне јајцето, ќе биде среќно во целата година. Меѓутоа, симболиката, онаа нашата традициска е пред запостувањето, пред „запокладувањето“ во последната вечер од „Прочка“ да се каснува бело јајце со што всушност и запостуваме и ја затвораме устата, односно постиме се’ до Велигден кога пак се омрсуваме со јајце, меѓутоа со црвено, велигденско“ – објаснува Лилјана Ѓорѓиеска, претсрдателка на Здружението на жени „Преродба“, Прилеп.

Утре пак, на самиот празник „Прочка“, во центарот на градот ќе се одржи карневалското дефиле на преку 500 маскирани учесници, групирани во над 20 групни и поединечни маски. Гости ќе има и од: Кавадарци, Пробиштип, Мокриево, Куратица, Берово, Сопот, Струмица и од други градпви. Маските до утре се чуваат во тајност, а за најуспешните, кои ќе ги оценува стручно жири, се доделуваат и пригодни награди.

Утре напладне во центарот на Прилеп се централните карневалски свечености со дефилето на маските. Дефилето, традиционално го предводи заштитната карневалска маска „Прилепски мечкари“.  Пријавени се над 20 групни маски со околу 500 учесници, а се поканети и гости од сите градови во земјава.  Жири комисија ќе ги одбере најдобрите и најуспешни маски на годинашниов карневал „Прочка 2024“ во Прилеп.