-На планинскиот превој „Барбарос“, се случила сообраќајна незгода во која Ц.М. управувајќи товарно возило „Сканија“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на ДООЕЛ „Смит-Транс“ – Прилеп, движејќи се во правец на Македонски Брод, изгубил контрола над возилото и се превртел на коловозот, при што починал на лице место, информираат од полицијата.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Македонски Брод. Сообраќајот беше во целосен прекин од 10.30 до 19.25 часот.