Прилепчани фатени со 106 стебла марихуана

Триесетдневен притвор и кривична пријава заработија двајца прилепчани кај кои се затекнати 106 стебла марихуана.  А.Г.(29) и Д.Б.(38) се товарат дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции  и прекурсори“.

Од страна на судија на предходна постапка одредена им е мерка притвор во траење од 30 дена.

Вчера во 02,00 часот кај населбата Три Чешми од страна на полициски службеници од СВР Штип при контрола, запрено е ПМВ „Рено Скеник“.

Прилепчани фатени со 106 стебла марихуана
Прилепчани фатени со 106 стебла марихуана

При контролата полициските службеници пронашле четири јутени вреќи со 106 стебла непозната растителна материја.

Пријавените во текот на истиот ден неовластено, од место на локалниот пат кај село Облешево, ги набрале стеблата, ги ставиле во јутени вреќи во багажникот на возилото, со намера да ги пренесат, преработат, припремаат и така припремена да ја продаваат  и да се стекнат со противправна имотна корист.

Инаку лицата минуваат во крим евидениите на МВР и против истите се поднесувани кривични пријави за вакви кривични дела.