Прилепчани лути на Ременски за социјалните станови

Прилепчани лути на Ременски за социјалните станови
Прилепчани лути на Ременски за социјалните станови

Два месеца и три недели поминаа откако со електронска аукција беше извршена прелиминарна распределба на седумдесет и шест социјални станови во градот под Маркови кули. Меѓутоа, и по толку време, станбената зграда во населбата Точила е празна, објави Алфа ТВ.

Најранливата категорија социјалци од Прилеп, со нервоза го очекуваат расплетот на процедуралната сага што настана во Министерството за труд и социјала, откако Комисијата за распраделба станови имаше обврска да направи увид и да изготви конечен записник. На почетокот од минатиот месец се случија првите расправии и прстот беше вперен во министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски, заради, како што беше речено, партиско дејствување.

Оттаму следеше демант и беше посочено беше дека едно лице не ги исполнило условите во категоријата на рангирани деца без родители и родителска грижа. На тоа, два дена подоцна следеа реакции од апликантите кои ги поминаа сите филтри и нестрпливо чекаат да се вселат во социјалната  зграда.

станови

На телевизија, госпоѓата Ременски изјави додека на некој нејзин човек не му се додели стан, нема да се доделат становите во Прилеп. Тоа го слушнав и можам да потврдам официјално пред телевизијата, дека е тоа мое мислење, вели Тони Ангелески.

Тони Ангелески
Тони Ангелески
Сите три деца ми се кај мајка ми. Газдарицата куќата ја продаде, струјата и водата се исклучени и навистина треба да ни секаже, дали да се бара куќа за под кирија или ќе ни се дадат становите да се вселиме, посочи Делфина Митреска.
Во Прилеп, за социјалните станови постоеше огромен интерес и на конкурсот се пријавиле 232 апликанти, од кои, 173 со валидна документација. Постојната статус-кво состојба, дополнително долева и политичко масло.