Двајца прилепчани се тешко повредени во сообраќајна несреќа

Двајца прилепчани се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во 03.00 часот во Прилеп на ул.„Карпалак“.

Автомобил  „Лада“ со прилепски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во бетонски столб. Со возилото управувал З.В. (47) од Прилеп кој заедно со сопатникот Р.И. се здобиле со тешки телесни повреди.

Истите се задржани на понатамошно лекување во ОБ во Прилеп.