Обединети под граѓанската иницијатива “Будење” граѓаните на Прилеп денес на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во голем број ја потпишаа иницијативата против доселување на бегалци во градот под “Марковите Кули”, пренесува Маркукуле.
Нацрт-Стратегијата за интеграција на бегалци и странци 2017-2027 на Министерството за труд и социјална политика, изминатите недели предизвика лавина реакции и го крена гневот кај населението во повеќе општини кои директно се засегнати, односно се местата каде ќе се градат стамбени згради и живеалишта за бегалците.
Според граѓанската иницијатива “Будење” доселувањето на мигранти во општините ќе значи:
-намалување на платите и евтина работна сила
-губење на работни места и нови отпуштања.
-наместо трошење на пари за изградба на училишта, градинки, паркови, игралишта, ќе се трошат пари на изградба на станови и куќи за мигрантите и пари за кирии.
-помалку пари за пензии и социјална помош.
-зголемување на криминалот и небезбедни градови.
-менување на составот на население и сликата на градовите.
Граѓанската иницијатива ќе побара од советите на општините иницирање и на референдум по ова прашање.
Зголемувањето на криминалот во средините низ Европа каде изминатите години се доселија бегалци е можеби и главната причина граѓаните на Прилеп и останатите општини да бидат загрижени. Сите бевме сведоци на голем број ограбувања и силувања кои се случуваа во Германија, Шведска, Франција ….
Но, не само тоа. Меѓу мигрантите, кои транзитираа низ нашата држава и завршуваа во европските земји тогаш, имаше голем број терористи кои претходно се бореле на боиштата на страната на ИСИС.
Медиумите тогаш препознаа голем број такви борци, кои се преселија на европско тло, кои претставуваат темпирани бомби и се причина за терористичките напади кои секојдневно се случуваат низ европските држави.