23.8 C
Skopje
среда, мај 8, 2024

Прилепчанец со обидел со автомобил да прегази полицајци, му пукале во тркалата

СВР Битола – Одделението за внатрешни работи Прилеп до Основното Јавно Обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава за постоење на основано сомневање за сторено кривично дело ,,Спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 од КЗ на РМ против лицето Д.Х.К (35) од Прилеп.

Имено на 19 овој месец по претходна Наредба од Основен суд Прилеп да се изврши претрес во домот на пријавениот, а во врска со основи на сомневање за извршено кривично дело „Предизвикување на општа опасност“, истиот при проверката не бил пронајден.

Од страна на полициски службеници, лицето е пронајдено како управува патничко возило марка „Ауди А6“со прилепски ознаки кое е забележано на улица „Прилепски бранители“.

Со службено полициско возило даден е знак да застане но истиот се упатил на патот Прилеп- Македонски Брод,каде полициските службеници со соодветна опрема и обележување, го запирале возилото, но истиот не го сопирал возилото, а во неколку наврати имало обиди да ги прегази полициските службеници.

Од страна на полициски службеник во воздух било пукано од пиштол, а во еден момент во с.Долнени,од страна на полициски службеник употребено е огнено оружје во левиот пневматик, по што возилото запрело.

Во возилото се затекнати две лица Д. Х. К(35) и З.Ј(37) од Прилеп. Лицата се приведени во полициската станица Прилеп.

Судија на претходна постапка при Основен суд Прилеп постапувајќи по предлогот за определување на мерка притвор на ОЈО Прилеп на осомничениот Д. Х. К(35) му определи мерка притвор.