Четириесет и тригодишен прилепчанец загина вчера во сообраќајна несреќа што се случи на раскрсница во Прилеп, информира денеска полицијата.
Несреќата се случила околу 11,45 часот кога на раскрсницата на улиците Димо Наредникот и Сотка Џигиџиќ дошло до судир меѓу автомобил „пежо 307“ што го управувал М.С. (25) од прилепско Беровци и мотор „томос“ што го возел Зоран В. Од Прилеп.
Поради тешки повреди Зоран В. починал на местото на несреќата.