Прилепчанец запалил обложувалница

Одделението за внатрешни работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.М.(26) од Прилеп поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 31.08.2020 во 00.50 часот пријавениот со запаливо средство предизвикал пожар во спортска обложувалница на ул.„Битолска“ во Прилеп.
Д.М. е задржан во ПС Прилеп за понатамошна постапка.