Употребата на смртна казна достигна највисоко ниво во светот од 2015 година, објави во средата организацијата за човекови права Amnesty International.
Најмалку 1.153 луѓе биле егзекутирани во текот на минаата 2023 година во 16 земји, се вели во соопштението за печатот на Amnesty International. Бројката е зголемена за 31 отсто во однос на претходната година кога биле извршени 883 смртни казни.
Повеќето од егзекуциите, речиси три четвртини од вкупниот број во светот, биле извршени во Иран. Во таа земја во 2023 година биле погубени најмалку 853 лица, што е зголемување за 48 отсто во споредба со претходната година.
На второ место е Саудиска Арабија со 172 егзекуции, што претставува 15 отсто од вкупниот број во светот.
Сомалија и САД, исто така, забележаа зголемување на смртните казни минатата година на 38 и 24 соодветно.
Бројот на земји кои применуваат смртна казна паднал на рекордно ниско ниво во 2023 година, откако земјите како Белорусија, Јапонија, Мјанмар и Јужен Судан не забележаа егзекуции.
Сепак, бројот на нови песуди со смртни казни ширум светот во 2023 година се зголеми за 20 проценти на 2.428.
Смртната казна е укината, законски или во пракса, од 144 земји.
Џулија Духроу, генералниот секретар на Amnesty International во Германија, го поздрави падот на бројот на земјите кои применуваат смртна казна, но рече дека е загрижена од порастот на вкупниот број на егзекуции.