Ерменските власти соопштија во средата дека тројца ерменски војници во престрелката со азарбејџанскиет сили, а подоцна и двете страни ја прифалите интервенцијата на Русија за прекин на огнот со цел да се смират тензиите.
Ерменското министерство за одбрана во писмената изјава наведува дека азербејџанските сили ги нападнале ерменските единици во пограничната област меѓу двете земји. Двајца ерменски војници се ранети во инцидентот, во „борбите кои продолжија“ се додава во соопштението.
Азербејџанското министерство за одбрана, пак, во соопштение ги обвини ерменските сили за „провокации“ во округот Калбаџар, и додаде дека зарбејџанските сили „ќе продолжат“ и ќе се „одмаздат“.
Сепак подоцна и двте страни објавија дека го прифатиле „предлогот“ на Русија да се воспостави примирје во областа на конфликтот.
Станува збор за еден од најмсртоносните инциденти меѓу двете земји по минатогодишната речиси двомесечна војна меѓу Ерменија и Азербејан. Тогаш во офанзивата од септември до ноември, азербејџанските сили водени од турски офицери и помогнати со платеници донесени од сириското боиште ги исфрлија силите на етничките Ерменци од историката област Нагорно Карабах која ја контролираа од 1990-те години.
Во меѓувреме се разгоре стариот пограничен спор меѓу двете земји кои последните месеци меѓусебно се обвинуваат за упади на државните територии, истакнувајќи ја кревкоста на примирјето.