Принцезата Кејт закрепнува од операција, кралот Чарлс на „корективен зафат“

Принцезата од Велс, Кетрин Мидлтон, се опоравува во болница по операцијата, а кралот Чарлс III. треба да оди на медицинска процедура следната седмица, извести BBC во четвртокот.

Принцезата ќе биде надвор од кралските должности неколку месеци, откако беше подложена на операција поради абдоминална состојба за која е познато само дека не е канцерогена. Кралот, пак, следната седмица ќе се лекува од бенигна болест на простатата.

Овие најави дојдоа со разлика од два часа во средата доцна попладнето. Поединостите за здравјето на високите членови на кралското семејство обично се строго чувана тајна и се објавуваат само во ограничени околности, така што објавувањето на две здравствени вести од висок профил е невообичаено, забележува BBC.

Од Кенсингтонскиот дворец беше објавено дека принцезата во вторникот била примена на операција во приватна болница во центарот на Лондон и таму закрепнува. Според неофицијални информации, состојбата на принцезата е стабилна, но се очекува таа да мине до две седмици во болница и дека и претстојат неколку месеци закрепнување, поради што нема да се појави во јавноста до Велигден.

Тој долг период на опоравување, како и тонот на соопштението од дворецот, укажува дека нејзината состојба е сериозна, иако изјавија и дека операцијата била планирана и дека била успешно извршена.

Вилијам, принцот од Велс, исто така ќе се повлече од кралските должности во наредните седмици за да биде со сопругата и принцот 10-годишниот Џорџ), принцезата 8-годишната Шарлот и 5-годишниот принц Луис (5).

Само 90 минути подоцна, Бакингемскиот дворец објави дека на кралот следната седмица ќе оди на „корективен зафат“ поради зголемена простата. Стнува збор за медицинска состојба честа кај постарите мажи и не е канцерогена. Кралот Чарлс наполни 75 години во ноември.