Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен повика Русија да ги повлече своите војници од Украина и дека „Русија го повредува меѓународното право“.
Овој повик на првиот човек на Алијансата, како што пишува „Дневник“, за неколку македонски експерти се доказ за недоследноста на Расмусен и на Алијансата, бидејќи кога станува збор за Македонија и нејзиното членство во НАТО, Расмусен изјавува дека пресудата од Хаг која исто така се основа на меѓународното право не важи за НАТО.
За нив иритирачки е ставот на НАТО и на Расмусен дека Русија го повредува маѓеународното право, а од друга страна, пак, самата Алијанса во случајот со Македонија не ја почитува пресудата донесена од Меѓунаордниот суд во Хаг, кој е основан од ООН и е дел од системот на меѓународното право.
За професорот Димитар Мирчев, очигледно е дека НАТО им двојни стандарди.
„Очигледни се двојните стандарди на НАТО. Почитување на своите правила кои не важат кога станува збор за Македонија и пресудата донеснеа во наша корист. Од друга страна, односите меѓу Украина и Руската Федерација се меѓународно и билатерално првно уредни, па отттука НАТО нема никаква основа да тврди дека Федерацијата засега ги прекршиле овие акти“, вели Мирчев за „Дневник“.
Со слично мислење е и професорот Лазар Лазаров.
„Не само што НАТО не почитува одлуки на врвни меѓународно институтции како онаа на Судот во Хаг, ами и ги гази. Споредено со случајот со Русија – ова е класичен доказ за двојни аршини“, вели Лазаров.