Принцот Чарлс го одликуваше Елтон Џон со ретко кралско признание

Британскиот пејач Елтон Џон го прими во средата реткото кралско одликување од принцот Чарлс на свеченоста во дворецот Виндзор, за повеќе од петдецениската музичка кариера за добротворна работа во борба против СИДА-та.

Музичарот собра милиони фунти за борба против СИДА-та и во 1990-те ја основаше фондацијата „Elton John AIDS“.

Седумдесет ичетиригодишниот Елтон Џон го доби восокото одликување кое го доделува британскиот суверен и е ограничено на 65 членови.

Поп ѕвездата, која со песната „Cold Heart“ (PNAU remix) во соработка со Дуал Липа по 16 година дојде на врвот на британската листа на сингли, добивајќи го овој орден им се придружи на уметникот Дејвид Хокни, актерката Џуди Денч, на музичарот Пол Меккартни и на писателката Џоан Роулинг.

Еден од најпродаваните уметници на сите времиња со хитовите како „Goodbye Yellow Brick Road“, „Rocket Man“ и „Your Song’, кралицата Елизабета Втора во 1998 година го прогласи за витез.

Елтон Џон на свеченоста беше придружуван од сопругот Дејвид Фурниш. Се движеше со помош на бастун. Во септември обајви дека ја одложува еропската турнеа поради проблемот со колкот.