Принцот Чарлс примил донација од семејството Бин Ладен

Британскиот престолонаследен принц Чарлс прифатил донација од милион фунти за својата добротворна фондација од саудиското семејство на Осама бин Ладен, челникот на џихадистичката терористичка организација Ал Каеда која ја презема одговорноста за нападите од 11-ти септември 2001 година во САД, објави The Sunday Times.

Иако нема податоци дека семејството на богатото претприемачко семејство Бин Ладен, кое своевремено деловно соработувало и со семејството на двајцата американски претседател Џорџ Буш – таткото и синот, било вмешано во некакви злосторства, ова откритие ќе предизвика до засилен надзор врз добротворните организации на принцот Чарлс, коишто веќе беа поврзувани и обвинувано за злоупотреби.

Неколку негови советници го предупредувале принцот да не ја зема донацијата од Бакр бин Ладен и неговиот брат Шефик, полубраќањата на Осама бин Ладен.

Чарлс се согласил на донација за хуманитарниот фонд Принц од Велс (PWCF) кога се сретнал со Бакр во Кларенс Хаус во Лондон во 2013 година, и покрај приговорите од советници од фондацијата и неговиот кабинет, пишува The Sunday Times.

Иан Чешир, претседател на PWCF, изјавил дека донацијата ја договориле пет тогашни повереници на фондацијата.

Британската полиција во февруари отворила истрага против уште една добротворна фондација на принцот Чарлс, поради тврдењето за скандал со примање пари за издавање благороднички титули, во што бил вмешан саудискиот претприемач Махфуз Мареј Мубарак бин Махфуз. Шефот на оваа фондација на принцот поднесе оставка минатата година по интерната истрага.

Мајкл Фосет, поранешен настојник на одаите на принцот од Велс, кој со децении беше близок со наследникот на британската кралица Елизабета Втора, наводно ги координирал напорите на Махфуз да му биде доделена кралската чест, па дури и британско државјанство. Махфуз ги отфрли овие обвинувања.

Кон крајот на јуни The Sunday Times, исто така, објави дека Принцот од Велс од поранешниот катарски премиер примил ковчег со милиони евра во готовина. Весникот тогаш наведе дека тоа е една од трите парични донации на шеикот Хамад бин Џасим бин Џабер Ал Тани кој беше катарски премиер од 2007 до 2013 година, во вкупен износ од три милиона евра.

Според The Sunday Times, принцот Чарлс од поранешниот катарски премиер веќе примил три парични донации во периодот од 2011 до 2015 година. Се тврди дека во една прилика парите биле предадени во Кларенс Хаус во голема патна торба. Од друга страна, медиумите известија дека готовината се наоѓала во вреќички на стоковната куќа „Fortnum and Mason“.