Принцот Ендрју, кој е вмешан во случајот со малолетничка проституција на сега починатиот америкаснк финансиер Џефри Ептшејн, вели дека не се сеќава дека се сретнал со жената која го обвинува дека сексуално ја злоставувал додека била малолетна, спроед делови од разговорот за BBC објавени во петокот вечерта.
„Не се сеќавам дека оваа жена некогаш сум ја сретнал“, рече вториот син на кралицата Елизабета Втора за Вирџина Робертс, беше споменато во инсертот од разговорот кој BBC2 ќе го објави во саботата навереч во емисијата „ Newsnight“.
Вирџинија Робертс, една од тужителките во случајот Епштејн, тврди дека била присилена на сексуален однос со принцот Ендрју во Лондон во 2001 година, кога имала 17 години и уште двапати, во Њујорк и на приватниот остров на американскиот финансиер на Кариби
Принцот „добро знае што сторил и се надевам дека ќе биде чесен“, рече Робертс за новинарите по сослушувањето кон крајот на август во Њујорк, каде беа сослушани уште 15 тужителки, по што судскиот проготн на Џефри Епштејн беше запрен поради неговата контроверзна смрт во притворот на Менхетен.
Принцоте Ендрју во разговорот за BBC наведува дека секој ден „си префрла“ поради тоа што продолжил да го посетува Епштејн по неговото излегување од затвор во 2010 година. Финансиерот отслужи затворска казна откако во 2008 година беше обвинет за подведување девојки на Флорида.
Епштејн, обвинет за сексуално злоставување на малолетнички, повторно е упасен и на почетокот од јули е обвинет дека организирал, во текот на повеќе години, мрежа со повеќе десетици девојки кои биле под негова контрола, кои ги нудел за сексуални односни на неговите поседи, во прв ред на Менхетен и на Флорида. Беше пронајден мртво на 10-ти август во неговата келија во њујоршкиот затвор, а наодите од обдукцијата покажале дека се обесил во инаку добро обезбедуваниот затвор.
Бакингемскиот дворец повеќепати демантираше секакви непримерно однесува на 59-годишниот принц Ендрју. Тој е вториот син на британската кралица Елизабета Втора. Во 1986 година се ожени со Сара Фергусон, а се разделија по десет години брак, но останаа во добри односи.