Принцот Хари ги обвини британските кралски семејства дека „играат валкано“

Принцот Хари изјави дека од британските кралски куќи редовно протекуваат приказни и го опиша тоа како „валкана игра“ во новиот трејлер за исчекуваниот документарен серијал на Netflix за него и неговата сопруга поранешната американска актерка Меган Маркл.

Првите три епизоди од серијата ќе бидат достапни од четврток, најави споменатиот стриминг сервис, а во меѓувреме се нагаѓа што двојката, позната и како војводата и војвотката од Сасекс, ќе кажат за другите членови на британското кралско семејство.

Хари и Меган се повлекоа од припадноста на кралската куќа и од должностите, и се преселија во американската сојузна држава Калифорнија пред две години, а оттогаш неколкупати остро ја критикуваа британската монархија обвинувајќи некои нејзини членови за расизам, што кралството семејство го отфрли.

Принцот Хари во поранешните интервјуа сугерираше дека одвај разговарал со остатокот на кралското семејство, особено со својот татко, сегашниот британски крал Чарлс Трети и со постариот брат принцот престолонаследник Вилијам.

„Никој не ја знае правата вистина. Ние ја знаеме правата вистина“, вели Хари во трејлерот.

Бакингемскиот дворец не се огласи во врска со документарната серија и веднаш во понеделникот не одговорила на барањето на Reuters за коментар.

Во кусиот инсерт Хари се осврнува на персоналот во кралските куќи кој им ги открива информациите на новинарите, а за тој проблем и порано зборуваше.

„Постои хиерархија во семејството. Знаете дека протекува, но има и измислени приказни. Тоа е валкана игра“, вели Хари.

Гласот во трејлерот, кој се чини дека е на Хари, зборува за „болката и патењето на жените коишто се мажат во оваа институција“ додека се вртат фотографии на неговата покојна мајка прицезата Дијана и неговата снаа Кејт Мидлтон.

Последениот пат кога Хари и Меган зборуваа за својот однос со другите членови на кралското семејство, во интервјуто со Опра Винфри во март 2021 година, кралското семејство беше зафатено од една од најголемите кризи последниот период. Бакингемскиот дворец во реакцијата на тоа интервју вети дека сериозно ќе се занимава со прашањата кои беа отворени, остро напомнувајќои дека „некои сеќавања може да варираат“. „Не сме баш расистичко семејство“, рече принцот Вилјам неколку дена подоцна.

Викендов бројни британски медиуми и таблоиди пишуваа за серијалот на Nerflix, а некои неименувани извори ја обвинуваат двојката дека им објавила војна на Виндзорите.

Минатонеделната објава на првиот трејлер се совпадна со првото патување на принцот престолонаследник Вилијам и неговата сопруга Кејт во САД по осум години.

„Навистина тешко е сега да се присетиш на тоа и да речеш ‘што всушност се случи?’“, вели Хари во најавата, во јасната алузија на своето и искуството на Меган во кралското семејство.